Кои сме ние?

Советот за одржливо стопанисување со шумите во Република Македонија (Совет за ОСШ) е невладина организација кој како главна цел има промоција на одржливото стопанисување со шумите.

Воглавном промоцијата на ОСШ ќе биде направена преку:

  • Одржување и развој на Македонската сертификациска шема за одржливо стопанисување со шумите според PEFC Council
  • Промоција на PEFC шемата пред релевантни стејкхолдери
  • Промоција и спроведување на Македонскиот шумарски национален сертификациски систем

     За повеќе информации прочитајте на web-страната на PEFC International (pefc.org) или  https://cdn.pefc.org/pefc.org/media/2019-03/da8b3b38-e914-482c-b052-3783586f98a6/b913916d-db00-5dd2-88c6-91631e079228.pdf

 

 

Почеток на на јавна консултација по содржината на нацрт верзијата на македонскиот стандард за одржливо стопанисување со шумите според PEFC

Почитувани,

Во периодот на јуни и јули 2020, работна група составена од претставници на 16 институции и организации учествуваше во подготовка на работна верзија на македонскиот стандард за одржливо стопанисување со шумите (ОСШ) според барањата на PEFC (Programme for Endorsement of Forest Certification).

Согласно правилата на PEFC, работната верзија на стандардот за ОСШ поминува низ процес на јавна консултација со засегнатите страни.

Јавната консултација започнува на 03.08.2020 и ќе трае заклучно со 04.10.2020 година.

За таа цел Ве информираме дека Вашите забелешки по содржината на стандардот и Дефинициите кои се составен дел на истиот, како и предлози за подобрување и промена може да ги доставите по пат на електронска пошта на следната адреса: saso.petrovski@cnvp-eu.org или на pefcmk@gmail.com.

Притоа истите задолжително се поднесуваат преку формуларот кој е прикачен во овој меил и се бара аргументирано објаснување од Ваша страна за забелешката или предлогот кој го поднесувате. Примените забелешки и предлози ќе ги разгледа работната група и за резултатот (прифаќање или одбивање) по истите ќе Ве известиме повторно по електронска пошта.

За сите прашања може да се јавите и кај лицето задолжено за комуникација за времетраење на овој процес, Сашо Петровски на телефонскиот број: 071 292 004. 

Во прилог се поставени линковите до Нацрт верзијата на стандардот за ОСШ и Формуларот во кој може да давате предлози или забелешки по содржината на стандардот.  

Анекс 1 на PEFC MK 03-2020, ДЕФИНИЦИИ

МК верзија PEFC MK 03-2020 20.07.2020

Формулар за коментари и предлози

31.07.2020

 

ОБЈАВА

Почитувани,

Би сакале да Ве известиме дека Националните тела за управување со PEFC систем за сертификација на шумите во Словенија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина започнуваат со развој на PEFC регионален систем за сертификација на шумите во кој ќе бидат вклучени и националните стандарди за одржливо стопанисување со шумите (ОСШ) по PEFC.

За таа цел Советот за одржливо стопанисување со шумите, Ве поканува да земете активно учество во целиот овој процес на национално ниво. За подетални информации за Вашето учество погледнете го документот во прилог или контактирајте не на pefcmk@gmail.com или на телефонскиот број +38971292004.

Со почит,

Dear,

We would like to inform you, that the National bodies for management of PEFC system for forest certification in Slovenia, North Macedonia and Bosnia and Herzegovina starting with development of PEFC regional standard for forest certification in which will be included the national standards for sustainable forest management (SFM) according to PEFC.

For this purposes the Council for sustainable forest management, invite you to take active participation in the process on national level. For more detailed information of your active participation find in the document in addition to this announcement or contact as on pefcmk@gmail.com or on +38971292004.

With Kind Regards